Пахор: Веќе нема потреба од жицата на границата со Хрватска
Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска изјави дека жицата на границата со Хрватска веќе не е потребна и дека, според негови информации, нема закана од нов бегалски бран по „балканската маршрута“.
Со отстранување на оваа пречка за мигрантите, рече Пахор, официјална Љубљана испрати порака дека мерките за заштита и безбедност на своите граници се применуваат „сразмерно“ со реалните прилики на теренот, тогаш кога тие навистина се неопходни.
-Жицата беше потребна, но таа веќе подолго време нема вистинска улога, што можеби постоеше пред половина година, рече Пахор на прес конференцијата, на која ја најави посетата на Германија, Русија и Украина, што ќе трае од среда до недела, пренесе Хина.
Пахор, инаку, по враќањето од Турција, пред неколку месеци, исто така, рече дека, според негови информации, веќе нема закана од нов бегалски бран по балканската рута.
Ново на Сител
-
Фатени 15 рибокрадци само во месец јануари
-
Преглед на вестите од светот
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот