Пахор: Парламентот да каже колку мигранти можат да влезат

Словенечкиот претседател Борут Пахор предложи на Парламентот да одреди максимален број мигранти кои Словенија би можела да ги прими, соочена со протестите во повеќе словенечки градови против мигрантите, јави Танјуг.
Пахор за Словенечката телевизија изјави вчера дека е потребен толерантен, но и отворен дијалог меѓу владата и опозицијата, но и „многу трпелива комуникација“ со општините во кои владата планирала да ги смести имигрантите, за да Парламентот одреди колку Словенија најмногу е подготвена да ги прими барателите на азил и каде тие ќе бидат сместени.
- Стравовите и тешкотиите доведуваат до нетолеранција. Ксенофобијата е недозволива и јас повикувам на толеранција, но луѓето имаат право да размислуваат со своја глава, рече Пахор, пренесува Хина.
Пахор во изминатите неколку дена медиумите и луѓето блиски на владата го прозиваа да не реагира на случаите на нетолеранција и говор на омраза на протестните собири против мигрантите.
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
