Македонија
1. March 2023 - 16:36

Паѓа довербата во ЕУ, покажува анализата на Конерад Аденауер

Паѓа поддршката на јавноста за ЕУ, покажуваат најновите анализи промовирани од фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија.

Во моментов 64 проценти од граѓаните би гласале позитивно за членство во ЕУ што е за 4 насто помалку од претходната година. Разочараноста  и падот на поддршката се приближува на онаа од 2019 година кога беше потпишан договорот за промена на името, сега причина е понижувачкиот компромис со Бугарија и уставните промени на кои се противи огромен процент на гарагни.

И странците се разочарани од ваквите резултати, но го сфаќаат и револтот  на граганите за кои патот кон ЕУ  е поврзан со притисоци и идентитетски уцени од соседните држави.

 69 проценти од испитаниците се против ревидирање на  историјата како услов за приблишување кон ЕУ, само 35 проценти веруваат дека македоснкиот јазик ке биде заштитен со стартот на преговирите, а 32 проценти мислат дека Мкаедонија никогаш нема да стане членка на Унијата.