Македонија
11. May 2018 - 13:52

Паднал мртов на Партизанска, турски државјанин почина во Скопје

Вчера во 18.55 часот од страна на екипа на Итна медицинска помош е добиено известување дека интервенирале на булевар „Партизански Одреди“ каде имало починато лице.

Подоцна е утврдено дека се работи за Џ.Ч.(49) од Р.Турција, кој боледувал подолго време. Извршен е увид на местото на настанот.

По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.