Балкан
4. December 2019 - 10:35

Падна првиот снег во северна Грција

Во планинските делови во северниот дел на Грција, но и во пониските предели, како и во градовите Лерин и Ксанти во текот на ноќта беа регистрирани првите врнежи на снег, јави дописничката на МИА од Атина.

Најниската температура во Грција утрово беше измерена во село во близина на Козани, минус три степени.

И додека во делови на северот од земјата температурите утрово паднаа под нула, на островот Крит температурата не над 15 степени.