Живот
3. September 2019 - 13:54

Падна на колена пред жената која ја бараше целиот свој живот: Трогателна средба на мајка и ќерка по 52 години

Камерата го забележа моментот кога мајката и ќерката се сретнаа за првпат во животот.

Ен Блоџет (73) ја дала тукуштородената ќерка на посвојување во септември далечната 1965 година, зошто во нејзино време било голем срам да се роди вонбрачно дете, а и да не било, таа не била во состојба да го чува своето бебе.

Времето поминувало и не ги лечело раните. Ен се обидувала да ја најде ќерката, но законот бил немилосрден и не можела да издејствува отворање на документите за посвојување.

А потоа во април 2017 година, на Ен и се јавила внуката Бет за да и каже дека разгледува еден сајт на кон може да се спореди ДНК со онаа на други луѓе и нашла жена со која нејзината ДНК во добар дел се поклопува. Бидејќи сите останати браќа, сестри и роднини ги познавала лично, веднаш помислила дека тоа би можело да биде ќерката на Ен.

Ен дознала дека жената се вика Лори, Лори Џонкас и дека сите нејзини податоци се поклопуваат. Во август 2017 година тие двете првпат во животот се видоа во Мертл Бич, Јужна Каролина. Двете беа толку понесени со емоции што Лори во еден момент падна на колена пред мајката.

“Ги имаш моите очи, имап очи како да си моја мајка“, се дави во солзи Лори.

Снимката дури сега ја објавија зошто сметаа дека е згоден момент: во меѓувреме починале родителите на Лори, како и сестрата на Ен, па мајката и ќерката наоѓаат утеха една во друга.