Свет
12. February 2018 - 10:17

Пад на вредноста на акциите на Ербас по проблем со авионски мотори

Вредноста на акциите на европскиот производител на патнички авиони Ербас се намали денеска откако компанијата беше принудена да го запре тестирањето на новиот модел А320нео поради проблем со моторите.

Акциите на компанијата забележаа пад за 1,1 процент веднаш по објавувањето на веста дека има одредени проблеми со моторите, произведени од компанијата Прат и Витни. Ербас информираше дека е во разговор со авио-компаниите кои го порачале новиот авион за да се утврди кога леталата ќе може да бидат испорачани.

А320нео е изработен токму со цел да се употребат новите авионски мотори Прат и Витни ПВ1000Г, дизајнирани да бидат поекономични и потивки.