Пад на странските инвестиции во Албанија во првиот квартал за 42 отсто
Директните странски инвестиции во Албанија во првите три месеци од годинава бележат намалување споредено со истиот период лани за109 милиони евра, односно за 42 отсто, јави дописникот на МИА.
Официјалните порадоци на Централна банка на Албанија покажуваат дека во приодот јануари-март 2016 година, странските компании во абанската економија инвестирале 152,2 милиони евра, наспроти 261,2 милиони евра во истиот квартал лани.
Падот на стрнските инвестиции се поврзува и со неповолните случувања на странските пазари на нафта и минерали.
- Во периодот 2013-2014 година над 60 насто од странските инвестиции во земјата биле во активностите на ископот на нафта и минерали. Но, последните две години цената на нафтата и минералите на глобалниот пазар паднаа на најниско ниво што влијае и на намалувањето на инвестициите, оценува банката.
Речиси сите странски компании кои произведуваа нафта во земјата за повеќепати го намалиле инвестицискиот буџет пад, кој, според Централна банка на Албанија, не можело да се компензира од приливот на капитал во другите сектори на економијата.
Директните странски инвестиции во оваа земја достигнаа кулминација во 2013 година, кога странски компании во албанската економија инвестирале дури 944,7 милиони евра.
Во 2014, тие паднале на 869 милиони, додека лани забележале благ пораст и достигнале 881 милион евра.
Ново на Сител
-
Возачи во Скопје, Куманово, Кичево, Велес, Кавадарци и Охрид управувале возила под дејство на алкохол
-
Србија и Македонија ја зајакнуваат соработката во земјоделството
-
Украина со дронови нападна рафинерија во близина на Санкт Петерсбург
-
КАМ одбележува 30 години јубилеј - успешна македонска приказна изградена со доверба и квалитет
-
Мицкоски: Aпликацијата m.Uslugi ќе jа промени државата од корен
-
Алта Банка ги известува акционеритe на Стопанска Банка Битола - јавната понуда за запишување акции завршува на 10 октомври
-
Во Њујорк живеат 66 милијардери и 384.500 милионери
-
Иран погуби шест лица поради тероризам и поврзаност со Израел