Балкан
12. July 2016 - 21:13

Пад на невработеноста, но и намален бројот на активно население во Хрватска

Стапката на невработеност во Хрватска во јуни се спушти на најниско ниво од август 2008 гоидина, но од друга страна, бројот на вработени лица и активно население се намали на нивото на истата година, јави ХИНА.

Според податоци на Хрватската стопанска комора до крајот на јуни бројот на невработени лица изнесулал 219.419 што е за 5,5 проценти помалку во споредна со мај. Месец мај бил петти месец по ред со регистриран пад на невработеноста.

Хрватската стопанска комора наведува дека во јуни бројот на вработени лица достигнал до 1,4 милиони, додека во јуни 2008 година нивниот броој изнесувал 1,57 милиони луѓе. Бројот на активно населени во моментот е околу 1,62 милиони лица, а во 2008 година изнесувал 1,797 милиони.