Пациентка се обидела да се самоубие на Клиниката за гинекологија
Пациентка на 39-годишна возраст од Скопје која се породила на Клиниката за гинекологија, вчера се обидела да се самоубие фрлајќи се од прозорец од Клиниката.
Од Клиниката за гинекологија, од каде денеска излегоа со детално соопштение, информираат дека пациентката е итно пренесена на КАРИЛ, а за случајот се известени надлежните институции.
Според информациите од ГАК, пациентката е примена на 28 јуни во 21:16 часот заради крвавење во последниот триместар од бременоста (36 гестациска недела) и откако од срана на дежурен специјалист во амбулантата за итни случаи е утврдено дека се работи за предвремено одлепување на постелката, состојба којашто витално го загрозува плодот и сериозно го загрозува здравјето на мајката, е породена со царски рез.
- Пациентката веднаш е примена во родилна сала и по кусата предоперативна подготовка и за 14 минути од приемот е породена со царски рез во 21:30 часот, при што е добиено живо машко дете во задоволителна кондиција. Пациентката е уредно следена на одделот за породени жени – Пуерпериум, согласно медицинските стандарди и протоколи, велат од ГАК.
На 30 јуни, пациентката се пожалила на вознемиреност и извршен е разговор со клинички психолог и следена е согласно дадените препораки. Следниот ден пациентката била без особени тегоби и е со уреден гинекошко-акушерски статус, а на 2 јули на утринската визита се пожалила на слична симптоматологија како и на 30 јуни, при што дежурните лекари извршиле разговор со неа, ординирана е соодветна терапија и донесена е одлука, за подобра проценка на состојбата пред испис да се повика психијатар.
- Во понатамошниот тек од вчерашното дежурство продолжени се дневните активности и работни обврски на дежурната екипа, без дополнителни влошување на состојбата на родилката. Ноќта околу 21:30 часот пациентката од болничката соба се упатила кон ходникот на одделот за Пуерпериум и преку прозорецот во ходникот направила обид за суицид, фрлајќи се од првиот кат, се наведува во соопштението од ГАК.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска
-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“