Пациенти од Штип и Кочани се пренесуваат на скопските клиники
Повредените пациенти во трагедијата вечерва од болниците во Кочани и Штип се пренесуваат на Комплексот клиники во Скопје. Според последните информации од здравствените власти, 44 пациенти кои се со тешки повреди веќе се пренесени во странство, односно во Србија 17, Бугарија 14, Турција 9 и Грција 4. Бројките се менуваат поради пренесување на повредените во други болници. Од Министерството за здравство велат дека состојбата на пристигнатите во странство е стабилна. Ноќеска и рано наутро ќе заминат уште 8 повредени, за Хрватска 4 и за Романија 4. Има можности за Словенија и Унгарија по 4 лица и Австрија 6 лица. Најавено е дека двајца пациенти со сериозни повреди ќе бидат пренесени на понатамошен третман во болница во Ликсембург.
Вечерва пристигна еден тим од ВМА Белград, а се очекуваат и тимови од Чешка, Израел и Белгија. Според најавите на здравствените власти, во Скопје пристигнуваат и специјалисти за изгореници од Израел, Чешка и Србија.
Во текот на целиот ден згрижени се над 140 настрадани. Во земјава се 90 повредени и тоа Клинички центар 20, ГОБ 8 септември 20, Св. Наум Охридски 21, КБ Штип 20, ОБ Кочани 7, Токсикологија 2. Има пациенти и во приватните клиники.
Состојбата на сите пациенти се набљудува и конзилијарно се одлучува за понатамошните постапка. Вечерва пристигна еден тим од ВМА Белград, а се очекуваат и тимови од Чешка, Израел и Белгија.
На судска медицина веќе започна обдукцијата на дел од починатите.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар