Пациент со сомнение за коронавирус примен во болница во Солун

Пациент со симптоми на грип, кој во декември патувал во Кина, е примен во универзитетската болница АХЕПА во Солун, по што веднаш биле активирани предвидените процедури за евентуален случај на коронавирус, соопшти весникот „Катимерини“ во своето електронско издание.
Пациентот е ставен во карантин во болницата, а тестовите ќе бидат проверени во институтот „Пастер”, за да се утврди дали станува збор за случај на новиот коронавирус или за обичен грип, пренесоа медиумите.
Со воен авион, преку Рим, во неделата вечерта беа донесени двајца Грци од кинескиот град Вухан, каде е жариштето на епидемијата.
И покрај фактот што двајцата немаат никакви симптоми, тие веднаш биле однесени во Националниот центар за итна помош во Атина, што е референтна болница. Тие во следните 14 дена ќе бидат ставени под доброволна изолација и медицинско набљудување.
Ново на Сител
-

Агент на американската имиграциска служба застрела маж во Мејн, случајот предизвика нови критики кон Агенцијата
-

САД завршија нов бран напади врз Иран, продолжува ескалацијата на конфликтот
-

Франција со традиционална воена парада го одбележува Денот на Бастилја
-

Kлековски ќе информира за спроведените реформи, проекти и унапредувања во здравствениот систем во последните две години
-

Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-

Сончево со температури до 36 степени
-

Потврдено обвинението против обвинетите за трагедијата на железничката станицата во Нови Сад во 2024 година
-

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите
