Пациент кој по пожарот во Кочани се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија
Дваесет и двегодишен пациент кој беше повреден во пожарот во дискотеката во Кочани, а кој се лекуваше во Атина, вечерва се врати во државава. Вечерва се очекува во земјава да пристигнат и четворица пациенти од Шпанија.
Министерот за здравство Арбен Таравари, кој заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го пречекаа пациентот на Скопскиот аеродром, изрази надеж дека по 24-часовен престој, откако ќе бидат направени токсиколошките испитувања, Ангел ќе биде пуштен на домашно лекување.
За четворицата пациенти кои се лекуваат во странство и се во критична состојба, министерот информираше дека кај нив нема промени.
Министерот за надворешни работи најави дека и во текот на утрешниот ден се очекува враќање на дел од пациентите кои се лекуваат во странство.
- Продолжуваме со тековна комуникација со здравствените власти во државите каде што се сместени овие пациенти. Нашите дипломатско-конзуларни претставништва се постојано во комуникација и со семејствата, нагласи Муцунски во изјава за медиуми.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава