Озил во Фенербахче, Манџукиќ во Јувентус
Две трансфер „бомби“ се најавени да одекнат денеска во европскиот клупски фудбал, во очекување Месут Озил да стави потпис на договор со Фенербахче, а Марио Манџукиќ да се врати во редовите на Јувентус.
Поранешниот германски репрезентативец Озил (32) во неделата официјално се збогува со премиерлигашот Арсенал, ден откако двете страни постигнаа договор за предвремен прекин на соработката, и синоќа слета во Истанбул на медицински прегледи во турскиот прволигаш.
Германецот со турско потекло се очекува да потпише трииполгодишен договор со клубот од Истанбул, откако мина седум години во редовите на Арсенал по трансферот од Реал Мадрид.
Паралелно со ова, за денеска е најавен и трансфер во Јувентус на хрватскиот репрезентативен напаѓач Марио Манџукиќ (34), кој ќе се врати во клубот за кој од 2015 до 2019 година одигра 117 натпревари и постигна 30 голови.
Според најавите, Манџукиќ ќе стави потпис на шестмесечен договор.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница