-->
-->
Озил пак ќе соработува со Мурињо
-->
Германскиот репрезентативец, Месут Озил од Арсенал се сели во Манчестер Јунајтет пишуваат англиските медиуми.
Иако Озил со тимот на Арсенал има има договор до крајот на сезоната, сепак, според весникот „Мирор“, тој на своите играчи им открил дека во зимскиот преоден рок ќе го напушти Лондон и ќе се пресели на „Олд Трафорд“.
Како една од главните причини за ваквата одлика на Германецот е менаџерот на „црвените-ѓаволи“ Жозе Мурињо, со кој Охил имаше одлична соработка за време на заедничкиот престој во Реал Мадрид.
Арсенал ќе се обиде да го убеди Озил да остане во Лондо, иако не само Германецот туку и Чилеанецот, Алаксис Санчез веќе подолго време најавуваат заминување од „Емирати“.
Засега Озил не ја потврди ниту демантира оваа информација, па останува да се види дали „топџиите“ ќе успеа да го разубедат Германецот да остане барем до крајот на сезоната или пак тој ќе замине уште во јануарскиот преоден рок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Му го запалил глисерот на брат му во Охрид, пожарот зафатил зграда и автомобил
-
Атина два дена без такси превоз
-
За една недела санкционирани 132 непрописно паркирани возила во Центар
-
Елисејска палата: Макрон ќе именува нов премиер во следните денови
-
Активен пожарот во Никуштак, екипите на терен, во кумановско вчера повеќе пожари
-
Коперникус: Август 2025 е третиот најтопол месец досега
-
ЦУК: Активни пожари во Липково и во Студеничани, 29 изгаснати
-
Во ЕП дискусија за употребата на сила против српските демонстранти и за демократијата во Србија