-->
-->
Озил и Погба заедно во хумана акција
-->
Иако Германија и Франција се две од најсериозните репрезентации за освојуваше на шампионскиот трофеј на Европското фудбалско првенство, сепак ривалството на теренот не беше причина репрезентативците на овие две земји, Месут Озил и Пол Погба со здружени сили да се организираат во хуманитарна цел.
Имено, Озил и Погба, заеднички, обезбедија финансиски средства за операции на 22 болни деца од Африка.
Како дел од проектот „Биг-Шу“, чија цел е да им се обезбеди медицинска помош на сиромашни деца, Месут Озил во 2014 за време на СП во Бразил обезбеди средства за операции на 23 деца од Бразил. Овојпат германецот обезбеди средства за операции на 11 болни деца од Африка, а нему му се придружи Погба, кој исто така реши да финансираа операции на 11 болни деца од Африка.
Озил и Погба, односно Германија и Франција би можеле да се судрат во полуфиналето на ЕУРО 2016, разбирливо доколку најнапред ги минат своите противници во осминафиналната, а потоа и четвртфиналната рунда.
Светскиот шампион Германија во осминафиналето ќе игра против Словачка, а доколку мине во четвртфиналето тами за противник ќе го има победникот од дуелот меѓу европскиот првак Шпанија и репрезентацијата на Германија.
Домаќинот Франција пак, на пат до полуфиналето, најнапред ќе игра против Република Ирска, а евентуален противник на „триколорите’’ во четвртфиналето би бил победникот од мечот меѓу Англија и Исланд.
Разигрувањето, односно осминафиналната рунда започнуа во сабота.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработените во пошта се уште немаат земено плати
-
Мега инвестиција најави премиерот
-
Unbox your box – нова перспектива во доставата на пратки во Македонија
-
Мицкоски очекува Лимани сепак да добие американска виза
-
СДСМ ќе поднесе кривична пријава за кршење на деловникот на Собранието и правата на пратениците
-
За два месеци во ИЈЗ пријавени 100-тина случаи со шуга
-
Преглед на вестите од светот
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз