Овоштарите од Преспа утре ќе го блокираат патот Битола – Ресен – Охрид
Овоштарите од Преспа утре од 10 до 12 часот ќе одржат протестен собир на местото викано „Макази“ и ќе го блокираат регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид.
Во изјава за МИА, членот на организацискиот тим Љубе Пампулевски истакна дека протестот е неизбежен затоа што Министерството за финансии не ги исплаќа преземените обврски кон преспанските овоштари.
-Протестот го организираме затоа што сеуште не е исплатен надоместокот за предизвикана штета од невреме град и мраз во зимски услови од 2016 година, дел од 2017 година и 2018 година врз овошните насади. Веднаш сакам да истакнам дека ние имаме одлична соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ресорниот министер, но и покрај одлуката на Владата, за жал Министерството за финансии и по изгласаниот ребаланс во јуни, сепак овоштарите не ги добиваат своите пари, изјави Пампулевски.
Овоштарите од Преспа бараат итна средба со премиерот Ковачевски и министерот Бесими за надминување на проблемот во пресрет на бербата на јаболката која почнува за еден месец.
-Овоштарите се во тешка состојба. Имаме кредити кон домашните банки, извршители често се пред нашите врати, а дополнително на тоа се зголемуваат трошоците за енергија, нафта и нафтени деривати, земјоделски ѓубрива, како и други финансиски проблеми кои единствено можеме да ги решаваме доколку Министерството за финансии ги исплати средствата, нагласи Пампулевски.
Протестот на преспанските овоштари и блокадата на регионалниот патен правец Битола-Ресен-Охрид кај местото викано „Макази“ е уредно пријавен, посочија организаторите на протестот.
Ново на Сител
-
САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира
-
Салах е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата по рекорден трет пат
-
Приведени три лица од Штип, при претрес на нивниот дом пронајдени се пушки и муниција | ФОТО
-
Летови Скопје-Франкфурт со „Луфтханза“ и во зимската сезона
-
Во регистарот на ДКСК евидентирани 1916 возила согласно роковникот на за локалните избори
-
„Дружба“ повторно активен: Унгарија ја обнови испораката на нафта
-
Арсенал суспендираше 17 свои навивачи
-
На ГП „Табановце” и на „Богородица“ се чека до 30 минути