Бизнис
28. July 2017 - 19:46
Овоштари од Преспа бараат лански субвенции и обесштетувања за мразот
Овоштари од Преспа ги бараат ланските субвенции, МЗШВ ги поготви решенијата
Овоштари од Преспа не ги добиле ланските субвенции, ниту обесштетувањата од мразот. Здруженито Агропреспа денеска својот револт го изрази пред Подрачната Единица на Министерството за земјоделство, а се сретнаа и со градоначалникот Ѓоко Стрезовски, кој ги информирал дека општинската комисија ги доставила процените за штети во април, 2016-та.
Изготвени се решенијата за исплата на 28 милиони денари на 544 овоштари. Парите ќе ги добијат на почетокот на следната недела, соопшти ресорното министерство. Изготвена е и информација за обештетување од мразот која ќе се разгледа на владина седница.
Освен за овоштарство, готови се и решенијата за исплата на субвенции за лозарство и за штетите од невремето во општина Гази Баба. Исплатата и на овие субвенции ќе биде на почетокот на следната недела, соопштија од МЗШВ.
-
Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->