Овој зачин сите го имаме дома, тој е лек за многу болести
Сушениот бибер се користи долго време поради вкусот и неговото лековито својство. Како зачин се употребува плодот на ова растение, кој е во форма на мали зрна. Постојат повеќе видови на бибер, а се разликуваат по начинот на подготовката на зрното.
Бибер (латински Piper nigrum) е растение од семејството на Piperaceae. Потекнува од јужна Индија, но интензивно се одгледува и во други тропски предели. Виетнам е моментално најголем производител на бибер во светот. Во Европа, во античките времиња, пристигнувал со каравани и бил ценет исто како и златото. Во 1498 година Васко да Гама со брод го носи од Индија.
Благодарение на антибактериските својства, биберот се користи како природен конзерванс на храната. Претставува богат извор на манган, железо, калиум, витамин Ц, витамин К и растителни влакна.
Пиперинот е активна состојка на црниот бибер и благодарение на него се зголемува нивото на апсорпција на селенот, витаминот Б, бета каротинот како и другите важни состојки од храната која се внесува, со што се забрзува енергетскиот метаболизам во телото.
Како многу добар и успешен лек се покажал и кај луѓе што страдаат од дијареја, кила, од проблеми со срцето и кардиоваскуларниот систем, несоница, болки во зглобовите, болки и проблеми со забите, проблеми со црниот дроб, болки во ушите, како и проблеми со белите дробови и дишните патишта.
Единствено треба да се напомене дека не смеат да го употребуваат луѓе што имаат чир на желудник, и луѓе што имале операција на органите за варење.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата