Овој зачин го има се помалку: Цената од 30 евра по килограм му порасна на 500!
Цената на природен сладолед од ванила минатите години порасна ширум светот и мали се шансите дека таа ќе се намали, изјавил Бернд Хакман сопственик на компанија која пазарот го снабдува со ванила.
Цената на некои места зголемена е за 16 пати, зголемувајќи се од просечни 30 евра по килограм на околу 500 евра.
Компанијата е основана 1881 во Хамбург, специјализирајќи се за сите видови на ванила и годишно продава околу 300 тони од таа состојка.
- Производството на ванила е во длабока криза - рекол Хакман чија компанија е една од најпознатите снабдувачи.
Бурбон ванила на пример, која потекнува од Мадагаскар, скоро е невозможно да најдеш нагласил Хакман.
- Во моментов воопшто не можеме да ја понудиме. Наместо нејзе се продава тахиканска ванила, која има блага арома и потекнува од Папуа Нова Гвинеја.
Додека производството на природната ванила се смалило благодарение на ниските цени во Мадагаскар, побарувачката помеѓу потрошувачите за природни состојки пораснала.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Се виде дека промената на Уставот не го решава проблемот со Бугарија
-
Левица: Предложивме Закон за огрaничување на кириите
-
Таравари: Ќе се трудиме да ставиме повеќе лекови на позитивната листа
-
Вработените во ЈСП се жалат дека не земале плата
-
МВР: Не чекајте последен момент за да ја смените возачката
-
Охрид има над 1500 крвoдарители
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар