Овој воз има само еден патник - средношколка, еве ја нејзината приказна
Возот има задача да застане два пати - еднаш да ја земе девојакта на пат до училиште и вториот пат за да ја врати дома од настава.
Како што објавуваат медиумите, се работи за одлука на компанијата Јапан Реилвејс, која оперира на подрачјето на цела Јапонија и е основана пред повеќе од три години. Бројот на патниците на станицата Ками - Ширатака поради својата оддалеченост драстично се намали како и потребата за товарни услуги.
Компанијата се подготвуваше да ја затвори станицата кога открија дека секојдневно ја користи една ученичка. Поради тоа одлучиле да ја задржат додека девојката не дипломира. Компанијата го прилагодила и возниот ред согласно со распоредот на ученилката.
Таа треба да го заврши училиштето во март годинава, кога железничката станица ќе биде конечно затворена.
Многу Јапонци поради овој гест упатија позитивни коментари за владата зошто знае да ја препознае важноста на образованието и потребата тоа да биде приоритет во државата.
-Зошто да не го дадам својот живот за земјата кога владата е подготвена да отиде чекор подалеку за мене? Ова значи дека секој граѓанин и е битен, никој не е оставен на страна и препуштен сам на себе, е еден од коментарите под оваа вест на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-
Трамп верува дека ќе биде постигнат мировен договор за Појасот Газа
-
Без струја утре дел од скопските населби Аеродром и Ѓорче Петров
-
Пад на инфлацијата во септември во однос на претходниот месец за 0,2 отсто
-
Без вода утре остануваат повеќе улици во општините Центар и Аеродром
-
ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово
-
Брутална тепачка во Виница, маж со скршен череп и во кома по пресметка пред ресторан
-
Пукање во Куманово, ранет кандидат за советник во Липково
-
Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи, набавени рекордни 80.000 дози