Свет
18. May 2018 - 11:10

Овој град го проголтува земјата: Погледнете како изгледа од птичја перспектива местот под Урал кое исчезнува дел по дел

Крајот на 19. век издигнат е град над еден од наголемите рудници за сол во светот. После 140 години тој рудник и понатаму е во функција, а граѓаните се во паника бидејќи градот едноставно тоне. 
 
Берзники е град од 150.000 жители изграден точно над рудникот во мрежа на многубројни тунели. 
 
Ова подрачје е богато со калиева сол, а Русите одлучиле максимално да го експлатираат. И додека под земјата рударите вредно работат над рударското окно таму живеат луѓе, деца одат на училчиште... 
 
И сето тоа така  функционирало до 2007 година кога среде градот одеднаш се појавила нова и нова дупка. Земјата ги проголтувала автомобилите, куќите, дури и биле проголтани и неколку фудбалски игралишта. Набрзо цел град почнал да тоне, земјата буквално го проголтала. 
 
Властите постојано се обидуваат да ја смират паниката и кај жителите и со тоа што ги убедувале дека се е во ред, но било јасно дека ништо не е како што треба и дека наскоро цел град ќе исчезне. 
 
Поминале повеќе од 12 години од колапсот, а ситуацијата во Берзники не се променила. Зградите стојат искривени, некои делови од градот изгледаат како напуштени градови како Чернобил, огромни кратери исполнети со вода, а како денска изгледа градот можете да погледнете во продолжение...