Живот
19. July 2022 - 12:25
Овогодинешното издание на Струмица oпен фестивалот без учесници од странство
11-то издание на Струмица опен фестивалот започнува на 25 ти јули, а ќе трае до 19 ти август. Годинава организаторите најавуваат 17 фестивалски денови во кои е планирано да се одржат вкупно 20 настани. Фестивалската програма е поделена во три дела, а ќе се реализира на неколку отворени сцени во градот.
Според најавите на организаторите, фестивалот и оваа година има разновидна програма и богата понуда не само за љубителите на музиката, туку и на филмот, поезијата, афоризмите и спортот. Сите настани ќе се одржат под покровителство на градоначалникот на општина Струмица
За разлика од порано, оваа година на Струмица Опен фест нема да има гости од странство и ќе учествуваат само македонски изведувачи.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->