Овчите сипаници и во јануари најчесто акутно заразно заболување
Најчесто регистрирано акутно заразно заболување во јануари се овчите сипаници со вкупно 543 пријавени лица. Во однос на претходниот месец, декември, се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 47,0 отсто, додека во однос на јануари 2024 се регистрира намалување за 39,9 проценти, покажуваат податоците од извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за движењето на акутните заразни заболувања во државава претходниот месец.
Во текот на јануари пријавени биле вкупно 841 заболено лице од акутни заразни заболувања - без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 45,8 на 100.000 жители.
Во текот на месец јануари се бележи намалување на вкупниот број на заболени лица за 48,1 отсто во однос на претходниот месец, декември.
- Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции - без ХИВ/СИДА, регистрирани се шест заболени лица и тоа пријавени се четири случаи на вирусен хепатитис Б и два случаи на инфекција со хламидија, се наведува во извештајот.
Во јануари пријавени биле три случаи потврдени на ХИВ, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 39 години.
- Во Република Северна Македонија во текот на месец јануари, пријавени се вкупно 20 случаи на Ковид-19. Во однос на претходниот месец, декември, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од Ковид-19 за 3,3 пати. Во однос на месец јануари 2024 се регистрира намалување за 89,3 проценти. Од заболените во јануари 2025, најголем број се пријавени од Скопје, а највисока инциденца се регистрира во Кратово. Во текот на месецот, регистрирано е едно починато лице асоцирано со Ковид-19. Од Ковид-19 заболените, девет лица се од возрасната група над 60 години, четири лица од 40 до 49 години, три од 50 до 59 години и по две лица од 20 до 29 години и 30 до 39 години, пишува во извештајот на Институтот.
Во текот на јануари, пријавени биле два смртни случаи асоцирани со грип. Се работи за лица на возраст од 59-77 години од Скопје и Свети Николе кои биле хоспитализирани во КИБФС и КБ Штип. Кај починатите лица било утврдено присуство на коморбидитети и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип.
Од почетокот на сезоната 2024/25, заклучно со петта недела од 2025, во државава пријавени биле вкупно 8.734 случаи на грип - заболувања што личат на грипот.
Ново на Сител
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
-
Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување
-
Утре умерено облачно, в среда и четврток наместа со дожд и грмежи
-
Герасимовски: Воведуваме бесплатен оброк за сите ученици од прво до четврто одделение од следната година
-
Нетанјаху: Договор за делумно примирје и ослободување на заложниците не е на маса
-
При судар на два трактори повредени пет лица, меѓу кои две малолетни