Овчар нападнат од мечка, реакцијата на кучињата го спасила од смрт
Жител на шарпланинското село Лисец во тетовската полиција пријавил дека бил нападнат од мечка, а се спасил од смрт со тоа што, според него, реагирале неколкуте кучиња со кои чувал овци на бачило. Невобичаениот настан се случил вчера во текот утрото, а кај 52-годишникот нема поголеми повреди.

–Вчера 13:20 часот во полициската станица Тетово Г.Ј (52 ) од Лисец пријавил дека околу 10 часот на бачило во месноста Рах каде напасувал свое стадо овци бил нападнат и повреден од мечка. Според неговите кажувања тој бил застанат на височина и кога забележал дека има мечка која се упатила кон него почнал да бега кон нагорнината. Мечката го стигнал и го оборила, со што го повредила но при тоа реагирале неколкуте кучиња и мечката избегала. Во болница му констатирале полесни повреди по што бил пуштен на домашно лекување. Потоа дошол и во полициска станица да го пријави случајот, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Летово ова е не прв случај граѓани да алармираат за присуство на мечка. На 21 август жители на Тетово успеале да фотографираат мечка во планинскиот предел во правец кон месноста Бањиче и долж патот Бродец-Шипковица. Фотографиите се споделуваа на социјалните мрежи со предупредување за внимателност сметајќи дека ова диво животно во чести случаи знае и да нападне луѓе.
Мечките во Македонија со законот за ловство од 1996 се трајно заштитен дивеч кој не смее да се лови.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
