Живот
22. October 2018 - 15:16

Оваа жена преживеала пекол поради мало невнимание: Еве зошто НИКОГАШ не треба да пуштате непознати во вашиот дом

Откако се огласила по пат на една апликација дека продава сушална за облека, една жена која на Твитер објавува под името СараСузи немала поим што може да ѝ се случи. Со оглед на тоа дека уредот се наоѓал во подрумот на нејзината куќа, оние кои би сакале да ја купат би морале да одат во нејзината куќа.

Целото искуство одлучила да го пренесе на Твитер.

Свесна дека нешто може да тргне во погрешна насока, СараСузи на заинтересираните им кажала дека можат да ја видат после 17 часот, кога сопругот ќе дојде дома. Ѝ се јавил еден маж и ѝ рекол дека работи ноќна смена и дека ќе дојде наутро. За да биде сигурна, му рекла да дојде во време кога сопругот ќе биде дома. Купувачот доцнел 15 минути, а нејзиниот сопруг морал да оди на работа. Пред да дојде купувачот, таа му испратила порака да не доаѓа, но тој ја игнорирал пораката.

- Имаше повеќе од 60 години. Висок и слаб. Носеше венчален прстен. Не се ни смееше ниту ме гледаше предолго. Изгледаше сигурно, па се предомислив и му дозволив да дојде да ја погледне сушалната. Кога слеговме во подрумот рече дека можеме да ја извлечеме, но дека му е потребна моја помош. Со секоја скала чувствував поголема тежина, се потев, тешко дишев, станував лута. На половина пат сфатив дека тој не прави ништо. И потоа го погледнав неговиот поглед. Зјапаше во мене, ме гледаше со насмевка. Косата ми е на лицето, не можев повеќе да ја држам машината, и кога сакав да го запрашам тој ми рече: “По ѓаволите девојко. Погледни се. Човеку, тие бедра, вработи ги. Потта изгледа добро на тебе, сигурно твојот сопруг е среќен маж. Покажи ми што имаш”, опишува СараСузи.

Таа останала во шок, но кисело му се насмеала и продолжила сама да ја носи сушалната до приземјето.

Веднаш го повикала сопругот да му каже дека купувачот пристигнал, но непознатиот маж си заминал велејќи дека нема да ја купува сушалната. Сепак, се вратил во 10 часот вечерта, но тогаш вратата ја отвори сопругот на Сузи и купувачот рекол дека ја погрешил куќата. Случката ја споделила на Твитер со цел да ги предупреди луѓето дека никако не треба да им дозволуваат на непознати лица да влегуваат во нивните домови.

- Дали сакаше да ме убие? Веројатно не. Но, не сум сигурна. Сакам да порачам дека дури и кога добро ќе заврши, вакви работи земаат емотивен данок. Бев исплашена, ми остана голем товар и сега постои уште една работа за која се грижам, рекла таа.