Оваа фотографија ги вознемири граѓаните - Еве за што станува збор

Фотографија направена во градски автобус во Белград предизвика поделени реакции во јавноста. Иако намерата на администраторот на фејсбук страницата „Во живо од белградските трамваи и автобуси“ била да ги насмее корисниците со глетката на гол задник во позадината на фотографијата, Србите се налутија на сцената во која две баби стојат, додека две млади девојки седат на местата пред нив и гледаат во своите мобилни телефони.

„Во ред, поентата е голиот задник, но исто така факт е дека младите луѓе немаат воспитување, на кое требало да ги научат нивните родители, дека место треба да им се отстапи на старите лица, жените со деца и лицата со хендикеп. Јас сум бремена, секој ден на работа одам со јавен превоз и во пет месеци само еднаш се случи да ми отстапат место, а тоа го направи една постара жена. Срамота“, искоментирала една од челновите на страницата.
Други пак истакнуваат дека и тие не би отстапиле место, додека трети ги оправдуваат девојките велејќи дека од фотографијата не може да се заклучи дали тие имаат некои здравствени проблеми или пак дека е можно и бабите да не сакаат да седнат бидејќи се возат само една станица.
Ново на Сител
-

Македонски државјанин изнајмил стан во Валона и го претворил во „база за дрога“
-

Новиот најмал електричен автомобил „смарт“ пристигнува во септември | ВИДЕО
-

Над 70 проценти раст во авиосообраќајот во последните 2 години
-

Хегсет: Американската војска треба да добие Нобелова награда за мир
-

Уапсен 29-годишен гостиварчанец, силувал малолетничка и објавил експлицитни содржини од неа
-

Од ССКМ бараат транспарентна истрага и нулта толеранција за нелегални медицински практики
-

Иранскиот министер за надворешни работи Арагчи се сретна со пакистански претставници во Исламабад
-

Поднесена кривична пријава за бесправно градење и узурпација на недвижности во Кочани
