Ова се последните моменти пред смртта: Откриено што се случува со телото 30 секунди пред смртта

Како изгледа смртта е феномен кој со векови ги мачи луѓето и потполно е непознато, но еден невролог верува дека открил што се случува 30 секунди пред смртта.
Докторот Камерон Шо, успеал да открие што се случува со мозокот неколку моменти пред да се изгаснат сите животни функции.
Имено, тој направил вивисекција на човечкиот мозок на една жена која одлучила да го донира нејзиниот мозок после смртта, за потребите на науката.
Кога тој го секол мозокот, ја објаснил неговата структура и како одредени делови се однесуваат во моментот на смртта. Објаснил како мозокот се развивал низ милиони години еволуција на човечкото тело. Научниците веруваат дека прво се развило најпримитивното подрачје на човечкиот мозок - базалните ганглии кои ги контролираат основните човечки желби како што се глад, сексуална желба и движење.

Структурите поврзани со повисоките интелектуални и емоционални функции - хипокампусот и темпоралниот лобус биле создадени подоцна, а на човек му даваат можност за помнење и учење, додека кортексот, надворешниот слој на мозокот се верува дека бил создаден последен. Тој содржи четири лобуси кои го контролираат човечкиот морал и способноста да ја планираат иднината.
Оваа поделба на мозокот е од клучно значење за разбирање на смртта бидејќи д-р Шо објаснува дека мозокот умира во фази. Како што протокот на крв доаѓа од внатрешноста, надворешните слоеви кои ги контролираат поголемите и похуманите функции, како што се личноста и чувството за иднина, умираат први и тоа во првите 10 до 20 секунди. Подрачјата кои го контролираат помнењето и комуникацијата умираат после нив, а јадрото останува последно.
Иако човекот е жив додека јадрото на мозокот сè уште е функционално, д-р Шо објаснува дека човекот во оваа состојба всушност вегетира.
„За оваа личност може да се каже дека е мртва бидејќи не е свесна за себе ниту за околината околу себе, но ако базалната структура остане недопрена, човекот и понатаму ќе дише и ќе има пулс“, објаснува д-р Шо.
Ново на Сител
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
