-->
-->
Ова не го знаевте за „Жикина династија“ : Милан за малку ќе се откажел од улогата поради Жика – еве ја приказната!
-->

Поминаа 30 години откако се снимени првите сцени на култниот филмски серијал „Жикина династија“, а и оваа година како и сите претходни, серијата се емитуваше за Нова година.
Иако ви изгледа дека можеби се виделе и прочитале се, ви откриваме детали за снимањето за кои јавноста многу малку знае.
Се започна во далечната 1977 година, кога е зачетокот на реализацијата на филмот „Луди години“. Во тоа време на стариот комунизам во градските кругови се зборува за воведување сексуално образование во училиштата, поради тоа што во тоа време тоа било табу тема.

Марко Тодоровиќ кој ја игра улогата на Милан Тодоровиќ одлично се согласувал со Жика и во приватниот живот, иако и двајцата имале различен стил на глума.
Во еден момент Марко посакал да го прекине снимањето по петтиот дел на филмот. Главната причина за тоа е што Жика бил презафатен со бројни проекти, па сите го чекале за слободен термин. Тодоровиќ тогаш оди кај режисерот и сака да го поништи договорот за снимање, но тој успева да го разубеди и да продолжат понатаму.

Гидра ја знаел оваа приказна, па често се шегувал на сметка на својот колега, раскажува во едно интервју режисерот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани