-->
-->
Ова е жената која Роналдо ја бараше низ целиот свет - таа го хранела кога не можел да си дозволи да купи храна
-->
Најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо неодамна гостуваше во британската телевизиска емисија „Good Morning Britain“ каде Роналзборуваше за тешкото и сиромашно детство и притоа побара од луѓето да му помогнат да ги пронајде жените кои му помогнале да не остане гладен во моментите кога немал пари и не можел да си дозволи да си купи храна.– Имав 12 години и бев без пари. Живеев со другите играчи кои ми беа врсници од цела Португалија. Навистина ми беше тешко без семејство. Се сеќавам дека имаше Мекдоналдс во кој добивавме остатоци од сендвичите кои не беа продадени. Во него работеше една жена, се викаше Една и уште две девојки. Се надевам дека луѓето ќе ми помогнат да ги пронајдам, сакам да ги повикам во Лисабон или во Торино на вечера и да им „вратам“ за се шти направија за мене. Никогаш нема да ги заборавам – рече Роналдо.
Ова интервју го пренесоа сите медиуми ширум светот, па по неколку дена се јави и жената која тогаш му помогнала на Португалецот. Станува збор за Паула Леки која се јавила и ја прифатила вечерата на Роналдо. Како што пренесуваат медиумите, Паула речиси скоро секоја вечер ги хранела гладните деца кои во Лисабон тренирале фудбал и живеелена работ од ексизстенцијата.
- Доаѓаа во ресторанот, а кога хамубргерите остануваа добивавме дозвола од менаџерите да им ги поделиме на децата. Еден од нив беше и Роналдо. Беше најплашлив од сите. Ова се повторуваше речиси секоја вечер, рекла Паула и продолжила:

- И понатаму се смеам кога размислувам за тоа. Веќе сум му раскажувала на својот син, но мисли и понатаму дека го лажам бидејќи не може да поверува дека неговата мајка некогаш му дала на Роналдо хамбургер. И нејзиниот сопруг тоа го знае, се сеќава кога доаѓал по сопругата , дека таму стоела многу деца, а меѓу нив и Роналдо.
Португалецот во интервјуто рече дека сака да се заблагодари на сите тие жени и да ги одведе на вечера во Торино или Лисабон.
- Интересно е што сега се зборува за нешто што се случило многу одамна. Тоа покажува колку е тој хуман. Барем луѓето знаат дека не измислува. Ако ме повика на вечера секако дека ќе одам. Прво што ќе направам - ќе му се заблагодарам, а во текот на вечерата, сигурна сум дека повторно ќе се сети на тие времиња, рекла Паула.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Чепреганов: Апсурд е што во време на европска демократија се соочуваме со негации од сите страни, политичарите достоинствено да опстојат на македонските интереси
-

Ѓаволот од бегство во куќен притвор
-

Бугарскиот парламент го усвои законот за буџет за 2026. во прво читање, претходеше тепачка во пленарната сала
-

ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче за повторените локални избори во четири општини
-

Јаневска: За забрзување на напредокот, во 2026 рекордни вложувања во науката
-

Новиот план за просторно планирање на државата во нацрт-верзија, ќе важи до 2040 година
-

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
-

Сиљановска - Давкова: Во 2026 година очекувам создавање поповолна бизнис-клима, стабилен раст и подобар стандард за граѓаните
