Џет-Сет
25. April 2017 - 10:45

Ова е вистината: Еве како Жељко и направи близнаци на Јована

Генетиката на Жељко Јоксимовиќ е одговорна за тоа што неговата сопруга Јована носи близнаци, дознава српски Курир. Имено, мајката на пејачот Весна исто така има брат близнак, што според научните истражувања, најчесто е наследно и се пренесува на наредните поколенија.

Возбудата по повод приновата во семејството Јоксимовиќ расте секој ден, а веста дека Јована носи близнаци, посебно ја израдувала мајката на Жељко зошто и самата е близначка.

-Родителите на Жељко се пресреќни, посебно Весна. Таа има брат близнак Веселин и се воодушеви кога дозна дека во семесјтвото Јоксимовиќ повторно ќе има близнаци. И Весна и Веселин живеат во Ваљево и многу се блиски, рече извор близок до семејството.

Vesna Joskimović

-Да вистина е, имам брат близнак Веселин. Пред него и мене во нашето семејство немаше такви случаи и сега бременоста на Јована е прва по нас. Секако дека сум среќна, како и целото наше семејство. Едвај чекаме внучињата да дојдат на свет. Ви благодарам многу на честитките, изјави Весна Јоксимовиќ.