Ова е таткото на Марија Шерифовиќ: Го изневери семејството, ја тепаше нејзината мајка, па го оставија
Поп пејачката Марија Шерифовиќ пред неколку години во филмот кој го сними за својот живот, меѓу другото првпат проговори и за своите сексуални склоности, а откри и како изледал нејзиниот живот со татко алкохоличар и коцкар.
Нејзината мајка Верица, трпела ќотек од него, проади што таа и Марија морале да го напуштат Крагуевац и да се преселат во Белград.
Во еден дел од филмот „Исповед“, се појавува и таткото на Марија, Рајко кој призна дека ја изгубил ќерката и сопругата поради сопствените глупости, од кои не сакал да се откаже.
"Ние малку на почетокот ја испуштивме, зошто тогаш квотата за госпоѓа Верица беше голема. марија не видела ништо од тоа грдото меѓу мене и нејзината мајка. Знам дека беше против тоа што го правев. Што да правам, не заборавајте дека јас бев прилично постар од Верица, и дека бев тоа што бев пред Верица да ми стане сопруга. Кога ни се роди Марија, требаше да се откажам од коцката, но не го направив тоа. Секако, јас сум виновен, само јас и секогаш јас. Сега живеам сам во триста квадрати, изјави тогаш таткото на Марија.
Ново на Сител
-
Четворица астронаути се вратија на Земјата по пет месеци поминати на Меѓународната вселенска станица
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека околу 40 минути
-
Жител од Трубарево осомничен за загрозување на безбедноста во сообраќајот
-
Студија: Врската на човекот со природата се намалила за 60 проценти во изминатите 200 години
-
Апел од ЈП Водовод и канализација скопјани рационално и внимателно да ја користат водата
-
Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро
-
Претседателот на Собранието ги распиша локалните избори на 19 октомври
-
18-годишник со мопед удрил во паркирано возило, тешко повредена неговата малолетна сопатничка