-->
-->
Ова е ракометарот кој кршел во родилиштето: Детето му се родило со 600 грама
-->
Во породилиштето во Вишеградска се одиграла вистинска драма. Како што се дознава станува збор за ракометарот Недељко Јовановиќ, кој влетал во породилишето и почнал да вика, навредува, крши се околу себе, бидејќи неговата свршеница предвремено се породила во 22 недела од бременоста. Бебето иако било тешко само 600 грама, били живо.
Како што пишуваат медиумите од соседството, вереницата на спортистот била префрлена од една белградска болница во ГАК „Вишеградка“ во петокот, и тоа поради состојба која му претходи на спонтан абортус. Добила терапија и останала да лежи во болница. Драмата се случи во неделата навечер, половина час пред полноќ. Откако дежурните докторки ја прегледале, констатирале дека предвременото породување започнало. Брзо е префрлена од одделение на породување. Некопку минути подоцна, нејзиниот вереник дошол и направил хаос.
Што се случувало, прераскажала д-р Александра Матејевиќ Рајиќ, која таа ноќ била дежурен гинеколог во родилиштето.
– Со оглед на тоа што главната влезна врата ја заклучуваат во 22 часот, тој се обидел да ја скрши, но бидејќи се работи за автоматска врата, тоа не му успеало, па тропал и удирал по неа. Со оглед на тоа што не успеал да влезе оттаму, пронашол спореден влез и со уште две жени влегол во болницата. Прво отишол на одделение, каде лежела вереницата. Таму викал, ја удирал вратата, ги будел жените што спиеле. Сигурно некој му рекол дека девојката не е тука, па се качил на третиот кат. Влегол во просторија во која не смеат да влезат цивили. Штом стапна на одделение, почна да ни се дере. Викаше на нас дека сме му го убиле детето, нарекувајќи не со погрдни имиња. Шутираше се што му се наоѓаше на пат, раскажала низ солзи докторката која се уште била во шок од настанот.
Таа додала дека ракометарот изгледал како да не знае дека вереничката му е примена во болница поради можен спонтан абортус и дека не бил подготвен за тоа. Објаснува дека бил во афект и не можел да се запре, па само една стаклена врата го делела од жената која во тој момент се пораѓала и била многу вознемирена поради неговото викање и дерење.
– Тој е голем и крупен човек, ние за него сме минијатурни. Притоа, во неделата само жени беа дежурни. Во еден момент тргна кон колешката, која во рацете имаше некаква шипка за да се одбрани. Јас во тој момент нешто му зборував, дека треба да излезе од таму, да не остави на мира, но повеќе не се сеќавам што му зборев. На крајот тие две девојки што беа со него го смирија и го извлекоа надвор, вели д-р Матејевиќ Рајиќ.
Час време по инцидентот, неговата вереница се породила. Детето било родено живо, но тешко само 600 грама. Веднаш биле повикани и неонатолози и педијатри…
– Околу 2 часот по полноќ, почнале надвор да се собираат група луѓе, околу 10 или 15 лица пред влезот во „Вишеградска“. Ние сето тоа го гледавме низ прозорец и не ни беше пријатно. Се плашевме да не удрат на зградата или да влезат на сила и да не повредат. Во меѓувреме не исплаши и ѕвончето на интерфонот. Видовме дека стојат двајца мажи и две жени. Работникот од обезбедувањето им рече дека само едно лице може да влезе, се сеќава докторката.
Во болница била пуштена сестрата на жената која предвреме се породила, на која се и било објаснето. Потоа ракометарот и неговите пријатели се разотишле.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајден и одземен хероин - Кривична и притвор за велешанец
-
Честитка од Социјалистичката партија на Македонија по повод Божиќ
-
Мицкоски за Груби: Сите бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите
-
Гаши: Божиќ е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество
-
Сиљановска-Давкова: Ниту сум имала намера, ниту ќе употребам вето за да навредам некој јазик
-
Зеленски: Русија загуби 38.000 војници во Курската област
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Мицкоски: Нека Божик ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани