Ова е најсексипилниот јазик на светот

Платформата за учење странски јазици Бабел, спровела истражување во врска со тоа кој народ има најсексипилен акцент. На листата од словенски јазици се нашол само Рускиот јазик и тоа на осмото место.
Првото место и сосема очекувано, му припаднало на Францускиот јазик, кој многу луѓе го нарекуваат и јазик на љубовта, а второто место му припаднало на италијанскиот.
Листата изгледа вака:
1. Француски
2. Италијански
3. Шпански
4. Англиски
5. Германски
6. Португалски
7. Шведски
8. Руски
9. Холандски
10. Турски
Во истражувањето учествувале 15.000 луѓе од Бразил, Шпанија, Франција, Германија, Велика Британија, САД, Канада и Австралија.
The Guardian пишува дека постојат неколку причини зашто во одредени јазични групи некои јазици и акценти се попривлечни од други.
Првата причина е мелодичноста и звучноста на јазикот. Лингвистот Пети Аданк смета дека за Англичаните најпривлечни се Францускиот и Италијанскиот поради мелодичноста на тие јазици.
Другата причина е малку необична. Всушност поедини лингвисти сметаат дека за време на оценувањето на јазиците, поединците не го оценуваат акцентот, туку личноста која зборува.
На пример според оваа теорија, луѓето кои учествувале во истражувањето не го сметаат Францускиот за сексипилен туку ги сметаат Французите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
