Ова е најопасниот остров во светот - Кога ќе видите зошто ќе ви се заледи крвта во вените
На земјата не постои место на кое концентрацијата на змии отровници е поголема од тоа што е случај со бразилскот „Остров на змии“.
За него постојат разни легенди, а една од страшните е тоа што еден рибар залутал на Островот на змиите, по потрага по банани, а повторно е виден неколку дена подоцна, мртов во локви крв, прекриен со траги од змиски заби.
Страшно место се наоѓа недалеку од брегот на Бразил, а толку опасно што дури и бразилската војска строго забранила приближување на ова место.
Владата на Бразил многу строго ги контролира посетите на брегот на Островот на змиите, но веројатно луѓето не би брзале да заминат на него и да не е истиот така строго контролиран.
Имено на него има толку висока концентрација на змии што се проценува дека на одредени делови, на секој квадратен метар може да се здогледа по една.
На никој не му е допуштено на островот да патува без присуство на лекар, а истиот денеска е важна лабораторија, која најмногу ја користат биолозите кои ги истражуваат необичните жители на овој остров.
Погледнете како изгледа ова злогласно место.
Ново на Сител
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Како во едно големо семејство се одвива рехабилитацијата на повредените на Пониква
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Вработените во јавниот сектор ќе примаат подароци до 50 евра, без да се сметаат за мито
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Трамп - И Израел и Иран не го почитуваат примирјето
-
Мајка и три деца попладнево со авион ќе бидат евакуирани од Тел Авив во Атина
-
Почна дводневниот самит на НАТО