Ова е Мартин - Најомразениот човек во светот!
Мартин Шкрели има само 32 години, но успеа нешто што дури ни политичарите не успеваат за цел живот - после само еден потег, го замрази речиси цела планета.
Тој одлучи да заработи на луѓето кои немаат избор, така што, без некоја посебна причина, преку ноќ, ја зголемил цената на еден спасоносен лек за повеќе од 5.500 отсто.
А зошто? За да заработи пари. Но, и затоа што му се може.
Лекот Дараприм 62 години имаше иста цена од околу 13,5 долари по една таблета, а потоа Шкрели ја откупи лиценцата за 55 милиони долари. Во прашање е лек на активна супстанца по име пириметамин кој се користи за лекување на заболени од рак, бебиња кои имаат недоволно развиен имунолошки систем, мали деца кои се родени со СИДА и заболени од тропски болести како маларија или токсоплзмоза.
Но, тој одлучи да ја зголеми цената на оваа спасоносна супстанца од 13,5 долари по таблета на неверојатни 750 или 833 долари во зависност од аптеката.
Ново на Сител
-
Ирански државни медиуми: Претседателот Раиси загина во хеликоптерска несреќа
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно со повремен дожд, попладне услови за краткотрајно невреме
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција