Ова е идеалното време од денот за испраќање CV на оглас!
Постои идеално време од денот кога треба да го испратите своето CV.
Според најновите истражувања, ако го испратите вашето CV во текот на вечерните саати ќе направите голема грешка.
Неодамна, истражувачите на TalentWorks анализираа преку 1.600 апликации за вработување во различни области за да утврдат дали постои идеално време за испраќање на пријавите за вработување.
Нивните анализи покажаа дека кандидатите кои аплицирале во 19 часот и 30 минути имаат најмали шанси да бидат повикани на интервју. Оние кандидати кои ги испратиле своите биографии после 16 часот имале само 5 отсто шанса да бидат вработени.
ИДЕАЛНОТО ВРЕМЕ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА ОГЛАС
Според истражувањата, најдобро време за испраќање на апликациите епомеѓу 6 часот и 10 часот наутро. Кандидатите кои во текот на овој период ги испратиле своите апликации имаат до 5 пати поголеми шанси да бидат повикани на разговор за вработување. Дополнително, важно е да го испратите вашето CV во рок од 3 до 4 дена откако е објавен огласот за работа.
Од TalentWorks велат дека комбинацијата на овие два совети значително ја зголемуваат вашата шанса да ја добиете посакуваната работа.
Ново на Сител
-
Дали правото секогаш носи правда
-
Независните советници во општинските совети поднесоа амандмани на Законот за измена на локална самоуправа
-
Советот во Кочани не ги прифати договорите со Струмица и Карпош
-
Кулакови организираа протест по пресудата за смртта на Фросина
-
Тема на денот со Јасна Бачовска Недиќ, професорка на Правниот факултет
-
Врховен ја укина казната од 3 год. и 10 месеци затвор за Васил, апелација не го викнал на судењето
-
Имаат ли соодветен рехабилитациски третман сите повредени од трагедијата во Кочани?
-
Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка