Ракомет
24. January 2018 - 11:05

Ова е единственото сценарио со кое Македонија би играла за 5-то место

Постои само една опција како Македонија би играла за петтото и шестото место в петок во Загреб.

Иако вечерва делува тешко веројатно таа комбинација, на Македонија ѝ треба победа над веќе квалификуваната Данска и поклопување на уште два резултати за да завршиме како третопласирани во групата:

Комбинации како Македонија да заврши на третото место во групата:

1. Македонија да ја совлада Данска

2. Натпреварот Шпанија – Германија да не заврши нерешено

3. Словенија да извојува победа над Чешка