Ова е еден од убијците на Данка, со киселина се обиделе да ги прикријат трагите од крв

С.Ј. (50) од Злот е уапсен откако признал дека со колега ја убиле Данка Илиќ (2) со службено возило, а потоа нејзиното тело го фрлиле на дива депонија.
Како што пишува „Блиц“, во автомобилот биле пронајдени траги од крв, по што била извршена ДНК анализа и потврден е идентитетот на исчезнатата Данка Илиќ.
Според планот за работа на компанијата, се знаело кој управувал со автомобилот во критичното време а со проверка на базните станици се потврдило. Осомничените се приведени и веднаш го признале убиството - вели изворот на „Блиц“.
Како што објави Информер, двајцата работници кои тој ден го должеле автомобил и работеле во Бањско поле, возеле брзо и удриле девојче кое очигледно залутало надвор од дворот.
- Таа стоела на сред сред пат, со полна брзина налетале на неа. Излегле надвор, наместо да и помогнат, ја ставиле во багажникот. Го однеле детето до депонијата и го фрлиле таму. Прво го затрупале со ѓубре, за да не се забележи, а потоа отишле и се договориле темелно да го исчистат автомобилот со киселина и хемиски средства за да се отстранат трагите од крв. Само со форензичка анализа и употреба на специјални светилки утврдиле траги од крв. Подоцна било утврдено дека крвта е на Данка, пишува Информер.
Наводно тие во неколку наврати се враќале на депонијата за дополнително да го закопаат телото.
Веста дека е убиена Данка Илиќ ја потврди и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
