Ова е Албанецот (Сокол) кој ги уби туристите - Им пукал во глава со „Калашников“

Сокол Фран Мајцај (25) им пукал в глава со „Калашников“ на туристите во Чешка, а е уапсен рано утринава. Монструмот кој ги уби чешките туристи, убил и деле од 12 години, пред пет години, му го украл ланчето од вратот, му го исекол телото и го фрлил во бунар. Осуден е на десет години затвор, како малолетник, но Апелациониот суд му ја преполовил казната. Откако бил пуштен од затвор по четири години издржување казна ги уби чешките туристи. не покажувал знаци на каење.
Монструмот бил уапсен во домот кој го опколиле снајперисти. Пред да се предаде на полицијата, Мјацај барал од нив гаранции дека нема да го убијат, и нема да го тепаат. Според тврдењата на полицијата Мјацај е убиец на чешките туристи Михаил Сватос (27) и Ана Косинова (36) кои беа пронајдени мртви во својот автомобил во петокот во Прекала, во регионот Дукаѓин, кај Скадар, на околу 150 километри северно од главниот град Тирана.
Мјацај признал дека влегол во возилото на двајцата чешки туристи и им се заканувал со автоматска пушка. Тој на полицијата и рекол дека по кусото возење и караницата, ги убил двајцата.

Ново на Сител
-

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран
-

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми
-

Опожарен стан во Куманово
-

Седница на Советот на ЈО, ќе се избира шеф на Вишото ЈО - Скопје
-

Во недела часовниците се поместуваат еден час напред
-

Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо
-

Слабо второ полувреме на македонските фудбалери за убедлив триумф на Данска во баражот
-

Еврогрупата бара решение за енергетскиот шок: Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра
