Ова дете има 6 години и привлекува внимание каде и да се појави: Има армија на фанови и сите сакаат да се фотографираат со него
6 годишното момче доби вистинска армија на фанови на Инстаграм, но и во реалниот живот благодарејќи на својата неверојатна кадрава коса.
Фарук Џејмс има 6 години и доаѓа од Лондон, а кога неговата мајка му направила Инстаграм профил имал само 2 години, такашто тој стана ѕвезда многу порано, бидејќи случајните минувачи застанувале за да се фотографираат со него поради необичниот изглед.
"Прошетка од 15 минути би се претворила во еден час, бидејќи луѓето нè застануваа, испитуваа, му делеа комплименти и сакаа да се фотографираат со него", рече неговата мајка Бони, а пренесува Бизнис Инсајдер.
Таа истакна дека му отвориле профил на социјалните мрежи, бидејќи сакале да покажат дека е во ред и момчињата да имаат долга кадрава коса.
Фарук има повеќе од 200.000 следбеници, каде секојдневно се објавуваат нови фотографии.
Како што би рекла неговата мајка, најмногу им пречи кога луѓето ја допираат неговата коса.
"Го научив да им вели: "Благодарам за комплиментите, но Ве молам не ја допирајте мојата коса", истакна таа. Фарук и неговата мајка имаат Јутјуб канал, каде објавуваат снимки од средувањето и негата на неговата коса.
Ново на Сител
-
Талески: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс
-
3500 потписи за независна кандидатура во Скопје
-
Пратени писмата кон 22 потенцијални кредитори за финансирање на брзата пруга
-
Владата наскоро со мерки против високите цени
-
Мицкоски: Бугарија да прифати средба во ХАГ
-
Шведски тим од социјални работници и пожарникари се солидаризира за кочанчани
-
Прилепското поле месец и половина без капка вода поради дефект на хидросистемот
-
Ротари клубот Струмица донираше медицинска опрема за одделението за педијатрија во струмичката болница