Живот
4. April 2019 - 18:31

Ова дете било киднапирано пред 8 години: Сега се појави живо, а мистеријата е поголема поради тоа што го направила неговата мајка

 
Момчето Тимоти Пицен, сега на 14 годишна возраст,  е најден како скита по улиците на градот Њупорт во американската држава Кентаки.
 
Малиот Тимоти бил киднапиран во 2011-та година во градот Аурора, во државата Илинои, а неговата мајка, во очај изврши самоубиство.
 
Детето им пришло на полицајците и им кажало дека успеал да им избега на двајцата киднапери, кои го држеле затворен цели 8 години. Во последно време го чувале во мотел во државата Охајо, а детето успеало да им избега и трчало колку што можело побргу цели два часа.
 
Така и влегол во државата Кентаки, кога го преминал мостот и влегол во градот Њупорт. Детето имало модрици по лицето и изгледало запуштено и вознемирено. Детето на полицијата им дало детален опис на киднаперите, кои според неговиот исказ, се набилдани бели мажи со тетоважи на пајак и змија на телото.
 
По разговорот во полицијата, детето било однесено во болница.
 
Полицијата од неговиот роден град Аурора, се уште не потврдува дали навистина станува збор за Тимоти или за измама.  Тимоти исчезна на 11 мај 2011 година, кога татко му го одвел тогаш 6-годишното момче на училиште, а требало да го земе неговата мајка, Еми Фрај Пицен.
 
Мајката го однела детето на тридневен одмор, биле во зоолошка и неколку водени паркови, за по тоа да биде најдена мртва во мотел во Рокфорд. Полицијата регистрирала дека се пријавила во мотелот сама, без детето и дека извршила самоубиство со сечење на вените на рацете.
 
Пред да го изврши самоубиството, таа и пратила порака на бабата на Тимоти во која напишала дека го однела детето на безбедно место и дека ќе биде добро згрижен.
 
Tаткото на Тимоти изјавил дека во тоа време имал брачни проблеми со сопругата, но бил шокиран од веста за нејзиното самоубиство.