Отворил казино, но не плаќал данок - скопјанец го оштети буџетот на Република Македонија
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство во Радовиш, поднесе кривична пријава против В.Т (49) од Скопје и правното лице Друштво за трговија и услуги „Прол-бетинг“ ДОО увоз-извоз од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека пријавената како управител во правно лице и правното лице, сториле кривично дело: „даночно затајување“ предвидено и казниво по член 279 став 1 и 3 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Имено, по претходна судска наредба од страна на полициски службеници бил извршен претрес во простории на правниот субјект, при увидот во компјутерските податоци во апликацијата на Управата за јавни приходи, биле пронајдени записи со кои се потврдува основаноста на сомневањето дека на ден 31.12.2017 година на автоматот/масата за игри на среќа „рулет“на кој може да учествуваат повеќе учесници во играта на среќа биле направени 10 трансакции од кои пет уплати во вкупна висина од 200.000 денари и пет исплати во вкупна висина од 1.320.025 денари. Пријавената, постапувајќа спротивно на член 94 од Законот за игрите на среќа, со намера да одбегне целосно плакање на данок од направениот промет и добивка во висина од 224.005 денари го оштетила буџетот на Република Македонија за 224.005 денари.
Ново на Сител
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија
-
ДИК не донесе упатство
-
Њујорк или Бурса: Чаирчани ќе избираат помеѓу два архитектонски концепти
-
Дворот на УКИМ речиси празен: Без големи гужви почнаа уписите на факултетите
-
Заштеда до 2.000 денари по ученик ќе донесе Училишната кошница
-
Јавното здравство должи повеќе од 72 милиони евра – од ФЗО велат дека месечно го следат работењето на ЈЗУ