Отворено првото детско инклузивно игралиште во општина Илинден
Во општина Илинден денеска беше отворено првото детско инклузивно игралиште, со разновидни реквизити кои можат да ги користат сите, вклучително и децата со посебни потреби, а се наоѓа во спортско рекреативниот центар во Марино.
Инклузивното игралиште е направено во соработка со Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност – Македонија и општествено одговорни компании од општина Илинден.
На свеченото отворање на игралиштето градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека ова е првото детско инклузивно игралиште во Општината, но, како што потенцира, не и последно. Додаде дека како локална самоуправа ќе продолжат и во наредниот период да градат детски игралишта од ваков тип, со цел децата да имаат простор каде ќе можат да се рекреираат.
На отворањето, градоначалникот Георгиевски им додели благодарници на општествено одговорните компании кои помогнаа во изградбата на детското инклузивно игралиште и Националниот сојуз Мобилност- Македонија.
Ново на Сител
-

Владата ќе ги достави петте кандидати за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители
-

ССМ од 10 февруари почнува со блокади
-

Случај „Онкологија 2“: ФЗО плаќал за лекови без спроведени постапки и без фактури, одбраната бара укинување на притворот за Васев и Нухи
-

Усвоен извештајот за работата на Регулаторната комисија за домување од 1 јули до 31 декември 2025 година
-

Зафировски: Новиот предлог-закон за заштита од пушење е еден од најдобрите и во интерес на нашите граѓани
-

Автобус во движење изгоре на автопат кај Солун
-

Николоски: Потребно е ЕК да имплементира мерки кои ќе обезбедат непречена работа на транспортните компании
-

Млин приклучен на трафостаница копал биткоини во Бутел, сметката 260.000 евра
