Македонија
4. April 2023 - 16:30

Отворени врати на касарните за денот на НАТО

Сцени како од акционен филм во касарната Илинден, но и во Тетово и во Штип. АРМ  пред граѓаните, особено младите, ги демонстрираше своите воено технички и одбрамбени вештини. Повод 74 години од постоењето на НАТО.

Средношколците имаа можност да се запознаат и со дел од воената опрема со која располага армијата.

Некои покажаа и желба за војничка кариера.

Армиските специјалци на отврениот ден за гарѓаните ја покажаа и својата физичка спремност и обученост во боречките вештини.

Минатиот месец Македонија ја одбележа три годишнината од членството во НАТО.