Отворени музичките вечери на Струмица опен фестивал

Со концерт на Камерниот оркестар на Битола синоќа во Струмица беа отворени музичките вечери на седмото издание на Струмица опен фестивал.
Вториот дел на фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
- „Струмица опен фестивал“ од денеска зема музички „залет“, па секоја вечер до 19 август, на трите фестивалски сцени во градот, ќе имаме можност да проследиме атрактивни музичко-концертни настани, на кои ќе настапат преку 200 инструменталисти и вокалисти од земјата и странство, истакна градоначалникот Јаневски.
Камерниот оркестар на Битола пред струмичани на сцената во Градскиот парк се претстави со нивниот проект „Рок Симфонија“. При тоа беа изведени познатите хитови на Deep Purple, Led Zeppelin, Queen, AC/DC, Rammstein, Muse и многу други.
Вечерва на програмата од музичкиот дел на Струмица опен фестивал ќе се случи второто издание на македонско-бугарската турнеја One love. На него ќе настапат Слаткаристика, Некст тајм, Графа, Оратница,Саф саунд систем и Јојо ѕвездичките.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
-

Тутунарите не се задоволни од понудените откупни цени за годинашнава реколта
-

СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
