-->
-->
Отворени денови со Агенцијата за вработување во Кочани
-->
Во Националната установа центар за култура во Кочани се одржаа отворени денови со Агенцијата за вработување на Република Македонија. На презентацијата присуствуваа невработени лица и работодавачи заинтерсирани за новите владини мерки за вработување.
- Агенцијата за вработување на Република Македонија преку овие отворени денови прави промоција на оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Резултатите покажуваат дека се работи за мошне успешни мерки, изјави Менка Дугулева, раководител на Сектор за активни мерки и услуги за вработување во АВРМ.
Интересот од страна на работодавачите, според Дугулева, е мошне голем, бидејки бенефитот од овие владини мерки, како што рече, е голем како за нив така и за невработените лица.
Работодавачите со обуките, кои траат 3 месеци, имаат можност да ги оспособат лицата за оние работни места за кои им се потребни кадри.
Отворените денови со Агенцијата за вработување во Кочани ги следеа и голем број млади високостручни кадри кои се интересираа за можностите за вработување преку владините мерки за самовработување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен малолетник во Аеродром, се шетал со боксирач
-
Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“
-
Калас: Русија не е заинтересирана за мир
-
Маж со палестинско знаме се качи на Вестминстерската палата
-
Германска министерка предупредува на глобален пад на правата на жените
-
Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија
-
Божиновска: Жените не ја чекаат иднината – тие ја создаваат
-
УЈП: Нова можност за издавање код за идентификација за интегрирана наплата