Бизнис
14. March 2016 - 14:15

Отворени денови со Агенцијата за вработување во Кочани

Во Националната установа центар за култура во Кочани се одржаа отворени денови со Агенцијата за вработување на Република Македонија. На презентацијата присуствуваа невработени лица  и работодавачи заинтерсирани за новите владини мерки за вработување.
 
- Агенцијата за вработување на Република Македонија преку овие отворени денови прави промоција на оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Резултатите покажуваат дека се работи за мошне успешни мерки, изјави Менка Дугулева, раководител на Сектор за активни мерки и услуги за вработување во АВРМ.
 
Интересот од страна на работодавачите, според Дугулева, е мошне голем, бидејки бенефитот од овие владини мерки, како што рече, е голем како за нив така и за невработените лица.
 
Работодавачите со обуките, кои траат 3 месеци, имаат можност да ги оспособат лицата за оние работни места за кои им се потребни кадри.
 
Отворените денови со Агенцијата за вработување во Кочани ги следеа и голем број млади високостручни кадри кои се интересираа за можностите за вработување преку владините мерки за самовработување.