Отворени денови наменети за земјоделците
Тимови на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од денеска до сабота ќе одржат отворени денови во повеќе градови низ државата.
Средби со земјоделците се планирани во Гостивар, Тетово, Могила, Новаци, Битола, Богданци, Демир Хисар, Струга, Свети Николе, Кочани, Струмица, Гевгелија, Виница, Пробиштип, Дојран, Охрид, Ресен, Кичево, Штио, Кратово, Кавадарци, Велес, Неготино и Валандово.
За време на отворените денови земјоделците ќе имаат можност да се информираат со поволностите што ги нудат програмите за финансиска поддршка на земјоделството и да дадат свои предлози за надминување на проблемите со кои се соочуваат. Тимовите од Министерството за земјоделство ќе ги презентираат и можностите на ИПАРД-програмата.
Според надлежните, со отворените денови се подигнува нивото на информираност на земјоделците за можностите на овие програми, а од друга страна, институциите имаат прилика да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат земјоделците при користењето средства од програмите.
Ново на Сител
-
Вработените во ЈСП се жалат дека не земале плата
-
МВР: Не чекајте последен момент за да ја смените возачката
-
Охрид има над 1500 крвoдарители
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Бугарскиот амбасадор повикан на разговор во МНР поради пробиениот протокол на средбата Силјановска - Радев
-
Навреди од ко-претседавачот
-
Комитетот утре влегува во М-НАВ, од нив зависи дали и Обвинителството ќе отвори истрага