Отворени денови на Катастарот и Управата за имотно-правни работи во Дебар и Кичево

Заеднички отворени денови со граѓаните спроведуваат денеска во одделенијата во Дебар и Кичево Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за имотно-правни работи.
Граѓаните се информираат за нивните имоти и даваат идеи и предлози за подобрување на функционалноста на Катастарот и Управата за имотно-правни работи. Од отворените денови се произлезени многу идеи и решенија за одредени проблеми благодарение на сугестиите на граѓаните, соопшти Агенцијата за катастар на недвижности.
- Агенцијата за катастар на недвижности веќе осма година организира отворени денови со катастарот, со цел граѓаните да можат да остварат средби со стручните тимови и полесно да дојдат до решение на нивните проблеми или нејаснотии. Од оваа година отворените денови ги организира заедно со Управата за имотно правни работи со цел граѓаните на едно место да ги решат имотно правните работи или да добијаат соодветен правен совет околу потребната документација, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
